Лидс бара засилувања: Ибрахимовиќ отпадна, Кавани опција
- Сопственикот на клубот, Андреа Радрицани, призна дека шансите да го доведат Златан Ибрахимовиќ се мали.
Лидс, 21 јули 2020 (МИА) - Фудбалскиот клуб Лидс Јунајтед започна да размислува за засилување за Премиер лигата, во која се квалификуваше по 16 години.
Сопственикот на клубот, Андреа Радрицани, призна дека шансите да го доведат Златан Ибрахимовиќ се мали.
Но, тој го наведе Единсон Кавани како реална опција.
- Ќе биде тешко да се донесе Ибрахимовиќ, додека ќе видиме за Кавани, тој е на располагање, рече Радрицани за италијански „Скај“.
Ибрахимовиќ е во Милано од јануари, а неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Радрицани рече дека Лидс веќе се обидел да го донесе во јануари.
- Мислам дека е доцна сега, интензитетот во англискиот фудбал е различен, рече сопственикот на Лидс.
Тој е оптимист кога станува збор за Кавани, кој е слободен агент по заминувањето од Пари Сен Жермен.
- Освен неговиот квалитет, Кавани лесно може да се прилагоди, но сè уште не сме разговарале за него со тренерот. Ќе видиме, имајќи предвид дека тој е достапен како слободен играч, додаде Радрицани.