Ливерпул: Засекогаш нашиот број 20
- Актуелниот шампион на Англија Ливерпул го повлече од употреба дресот со број 20 на сите нивоа во клубот во чест и спомен на Диого Жота
Ливерпул, 12.јули 2025 (МИА) - Актуелниот шампион на Англија Ливерпул го повлече од употреба дресот со број 20 на сите нивоа во клубот во чест и спомен на Диого Жота. Тоа значи од првиот тим, младинските категории и за женската екипа дресот со овој број повеќе нема никој нема да го облече.
Објавата на социјалните мрежи се појави синоќа во 20 часот и 20 минути симболизирајќи го бројот 20 односно бројот на дресот на Жота. Португалецот во Ливерпул дојде во 2020 година, одигра 182 натпревара и постигна 65 голови.
Играчите на Ливерпул кои ги почнаа подготовките го посетуваат местото пред стадионот Енфилд, каде бројните симпатизери оставаат цвеќе и оддаваат почит за омилениот фудбалер.
Диого Жота заедно со неговиот брат Андре Силва загина во сообраќајна несреќа на 3.јули во Шпанија. мн
Фото: ЕПА