• вторник, 24 декември 2024

Левица: Двојазичните униформи се очаен обид за спас на ДУИ - Левица е единствената партија која ги оспори

Левица: Двојазичните униформи се очаен обид за спас на ДУИ - Левица е единствената партија која ги оспори
Скопје, 27 март 2023Минатата недела, противуставно и незаконски стапи во сила Уредбата со кои полициските униформи стануваат двојазични. Ваквата скандалозна одлука се имплементира кога се случува силен раскол во раководството на ДУИ, со кој оваа партија прв пат се соочува.Заедно со иредентистичките изблици на градоначалникот на Кичево, Фатмир Дехари кој организираше скандалозна прослава за „десет години Кичево под албанска власт”, јасно е дека ДУИ повторно прибегнува кон отворен шовинизам и негирање на македонскиот суверенитет во очаен обид да го спаси својот рејтинг.Оваа амнестирана партија, која 20 години владее неказниво, нема капацитет да спроведе никакви економски, социјални и политички реформи и затоа го губи постепено легитимитетот за владеење, за што доказ е руинираната состојба на општините со кои раководат нивните градоначалници. Молкот на Ковачевски пред ваквите анти-државнички потези на ДУИ покажува дека СДС е малцинска партија во владината коалиција, која во своите фази на историски распад, е подготвена да ги испорача сите иредентистички барања на ДУИ.Потсетуваме дека Венецијанската комисија донесе мислење дека не смее да се носат подзаконски акти кои ќе се повикуваат на Законот за употреба на јазиците (објавен без потпис на Претседателот на РМ), поради што стапувањето во сила на оваа уредба е спротивна на сите меѓународни начела.Како и во случајот со воведувањето етничка припадност во лични карти - кое ефективно беше спречено поради јавниот притисок на Левица и експертите - повторно само Левица се изјасни против двојазичноста на униформите и истите ги оспори пред Уставен суд.Од друга страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред една година тврдеше дека двојазичните униформи се само дефокус за јавноста и дека тоа е “уставна материја во која нема да се меша”.Молкот на ВМРО-ДПМНЕ откако двојазичните униформи станаа реалност потврдува, како и во случајот со етничка припадност во лични карти, дека оваа партија е подготвена да биде учесник во ваквите иредентистички процеси, само за да му се допадне на албанскиот политички блок. Повторно се потврди дека ниту еден процес со кој е загрозен суверенитетот и интегритетот на Републиката, не може да се спроведе без учество на партијата на Христијан Мицкоски.
Политичка партија Левица
Фото: Левица

________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан