• вторник, 17 декември 2024

Левица: Дарко Ристовски кандидат за градоначалник на Општина Карпош

Левица: Дарко Ристовски кандидат за градоначалник на Општина Карпош
Скопје, 31 август 2021 Политичката партија Левица го претстави кандидатот за градоначалник за претстојните Локални избори за Општина Карпош – Дарко Ристовски. Како истакнат активист за заштита на зеленилото и Водно, фокусот ќе му биде поставен на спречување на бетонизацијата и зазеленување на секој слободен простор. - Со оваа кандидатура сакам да го ставам на располагање моето знаење, искуство и визија за создавање на општина која ќе нуди услови за достоен живот, според потребите на народот, а не на олигарсите и профитерите. Преку моите патувања и живот во градови како Њујорк, Лондон, Париз како и долгите професионални ангажмани и престој во преубавите Виена и Љубљана научив и видов дека урбаното и квалитетно живеење не значи пренаселување и масовна бетонизација, узурпирање на јавниот и зелен простор на еден град и општина. Ова лудило кое се случува мора да го запреме и да почнеме да градиме општина која ќе биде гордост и инспирација за сиот народ, изјави Дарко Ристовски. Ристовски е роден во 1979 година во Скопје, а е жител на скопската населба Тафталиџе. Основно и средно образование завршува во образовните институции на територијата на Општина Карпош, најпрво основно образование завршува во „Јан Амос Коменски“ додека пак средното гимназиско во „Орце Николов“. Дарко Ристовски е дипломиран информатичар на Природно математичкито факултет при УКИМ. Цели 18 година работи во ИТ сферата. Прес Центар - Левица ____________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан