• понеделник, 23 декември 2024

Левица: Власта да не ги блокира измените за асистенти за учениците со попреченост

Левица: Власта да не ги блокира измените за асистенти за учениците со попреченост
Скопје, 7 септември 2022 Долго најавуваните измени во Законот за средно образование никако да се реализираат, со што и оваа година учениците со попреченост своето средно образование ќе го започнат без образовни асистенсти.Иако, инклузијата се истакнуваше како голем успех на неколку поранешни и сегашни ресорни министри, за жал, инклузијата на децата со попреченост во реалноста заживеа многу малку или речиси воопшто не заживеа.Дистинкција има и во пристапот на државата кон самата инклузија.Образовните и личните асистенти во основните училишта се под “државна капа” односно, државата обезбедува средства за нивниот ангажман и овие асистенти се вработуваат во основните училишта, со сите права од работен однос.За разлика од образовните и личните асистенти во основните училишта, во средните училишта, средствата за овие асистенти се обезбедуваат од страна на општините, најчесто преку проекти со невладини организации, без соодветно вработување и за надоместок од 9.000 денари.Знаејќи ги тешкотиите и проблемите со инклузијата на децата со попреченост и нивните родители, по поднесен амандман на советниците на Левица во град Скопје, се зголеми надоместокот за ангажирање на образовните и лични асистенти во средните училишта во Скопје од 9.000 на 14.000 денари, со можност за уште 4.000 денари за дополнителен ангажман.Без добро осмислена стратегија и план, имплементацијата на инклузијата падна на терет на наставниците, професорите и најмногу на родителите, па наместо децата со попреченост да се инклузираат во системот, само дополнително ја почувствуваа неговата нефункционалност.Алармираме на сериозноста на проблемот со кој се соочени децата и јавно апелираме министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска и министерот за образование Јетон Шаќири да не калкулираат со судбината на овие лица и власта веднаш да пристапи кон усвојување на измените на Законот за средно образование. Левица ___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан