• понеделник, 23 декември 2024

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

Скопје, 11 септември 2024 

Измени на Законот за локална самоуправа, со цел обезбедување законска можност граѓаните по пат на референдум да можат да ги отповикаат градоначалниците кои ги пустошат општините е единственото можно решение кое го предлага Либерално-демократската партија, откако денес по скратена постапка пред Собранието е доставен закон со кој се очекува до локалните избори во октомври следната година да нема нови избори во Гостивар, Аеродром и Сарај.

-Станува збор за закон за кој е потребно 2/3 мнозинство што бара широка дебата, а не скратена постапка. Воедно Предлогот за продолжување на мандатот на в.д. градоначалник под изговор намалување на трошоците за избори откако актуелните градоначалници би добиле пратенички или министерски места го нарушува правото на избор на граѓаните, како и демократските принципи кои ја изрзуваат нивната волја и е спротивен на член 114 од Уставот, појаснуваат од партијата.

Според ЛДП недемократски е граѓаните толку долг период до локалните избори, да бидат зависни од в.д. градноачалник кој не бил избран на непосредни избори, а избран од советниците.

- Наместо предлози кои ја уназадуваат работата на локално ниво имаме предлог кој е од интерес на граѓаните. Водени од фактот што често се соочуваме со градоначалници кои не ги исполнуваат своите основни надлежности, предлагаме амандман со кој ќе се обезбеди законски механизам за отповикување на градоначалниците пред истекот на нивниот мандат. Потребите на граѓаните и подобрување на животот во нивната општина не смеат да бидат ставени на милост и немилост поради политичките апетити на одредени функционери, велат од ЛДП.

Од партијата очекуваат поддршка од сите политички субјекти бидејќи ваква можност содржел Законот за локална самоуправа од 1996 година кога имало механизам за отповикување на градоначалниците. За жал оваа круцијална одредба во Законот за локалната самоуправа од 2002 година е избришана и од тогаш па до денес, граѓаните се лишени од законска можност да покренат постапка за отповикување на градоначалниците.

ЛДП е за легално избрани градоначалници на избори, а не политички комесари избрани во совет, и образложението дека изборите се скапи е ефтин трик со цел да дојди до безболна смена на погоренаведените градоначалници.

ЛДП

________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

фото ЛДП

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан