• вторник, 24 декември 2024

Лајчак по разговорот со Вучиќ: Се надевам на добар пат сме

Лајчак по разговорот со Вучиќ: Се надевам на добар пат сме
Белград, 26 август 2022 (МИА) - Специјалниот претставник на Европската Унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак изјави дека по разговорот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се надева оти преговорите се на добар пат и разговорите продолжуваат, пренесе Бета. „По втората рунда разговори доцна синоќа, се надевам дека сме на добар пат. Го ценам искрениот напор на претседателот на Србија да се поддржи европско решение. Нашите разговори ќе продолжат“, напиша Лајчак денеска на Твитер. Лајчак и специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар доцна синоќа разговараа со Вучиќ вторпат во текот на вчерашниот ден. По неуспешните преговори во Брисел, Лајчак и Ескобар ги посетија Приштина и Белград во обид до 1 септември да се постигне договор за регистарски таблички и влезно - излезни документи. бд/зш/

Остани поврзан