• петок, 22 ноември 2024

Лавров: Убиството на Сулејмани ги надминува сите граници

Лавров: Убиството на Сулејмани ги надминува сите граници
Москва, 14 јануари 2020 (МИА) - Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска дека убиството на иранскиот врховен командант Касим Сулејмани ги надминува сите правни и човечки граници. Тој оцени дека неговото убиство е само кулминација на илегалните потези на Вашингтон. - Русија е против обидите за ескалирање на ситуацијата, без разлика од каде доаѓа, истакна Лавров. Шефот на руската дипломатија додаде и дека Русија е против ескалирање на тензиите во Персискиот Залив. - Не можеме да ги затвораме очите пред фактот дека се започна во моментот кога САД, пред неколку години, објавија дека сите проблеми во регионот се случуваат поради активностите на Иран, но и дека Техеран треба да престане да вежба влијание врз случувањата околу своите граници, нагласи Лавров на прес-конференција. гт/

Остани поврзан