• сабота, 21 декември 2024

Курти преку видео презентира дел од најновите набавки на оружје за Безбедносните сили на Косово

Курти преку видео презентира дел од најновите набавки на оружје за Безбедносните сили на Косово

Приштина, 20 ноември 2024 (МИА) – Косовскиот премиер, Албин Курти, во видео објавено на неговата страница на Фејсбук, ги претстави некои од најновите набавки на оружје за Безбедносните сили на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Курти објави дека, заедно со министерот за одбрана, Ејуп Маќедонци, синоќа посетил еден од магацините на Косовските безбедносни сили (ФСК), каде што се наоѓаат последните набавки со оружје.

„Исклучително сум среќен за овие набавки што ги направивте како Министерство за одбрана и ФСК. Им благодарам од сé срце на командантот на нашата армија, генерал-потполковник Башким Јашари и министерот Ејуп Маќедонци, што за рекордно време, за неполни 10 месеци купување, успеаја да ги донесат набавките овде во Косово“, вели Курти во видеото.

Тој напоменува дека современото оружје е дел од континуираните набавки што ги прават за ФСК и е „само мал дел од најголемата количина пешадиско вооружување што некогаш сме го добиле“.

„Подигнувањето на нашите воени капацитети било и секогаш ќе биде во служба на заштитата на нашиот суверенитет и територијален интегритет и на одржувањето на мирот и безбедноста“, порача Курти.иа/

Остани поврзан