Куомо: Отворање на училиштата само ако има паметен план
- Во американската држава Њујорк 107 училишни окрузи не доставиле планови за повторно отворање на училиштата, изјави денеска гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.
Вашингтон, 10 август 2020 (МИА) - Во американската држава Њујорк 107 училишни окрузи не доставиле планови за повторно отворање на училиштата, изјави денеска гувернерот на Њујорк, Ендрју Куомо.
- Ако не го достават планот до петок, нема да можат да отворат, рече тој.
Куомо изјави дека окрузите може да ги отворат училиштата поради фактот што нивото на пренесување на коронавирусот во Њујорк е едно од најниските во САД, објави Си-Ен-Ен. Сепак, тој потенцираше дека тие ќе бидат отворени само доколку понудат паметен план. ссм/