• понеделник, 23 декември 2024

Кулеба: Ќе притиснам за шестиот пакет санкции против Русија, мора да го вклучи и ембаргото на нафтата

Кулеба: Ќе притиснам за шестиот пакет санкции против Русија, мора да го вклучи и ембаргото на нафтата
Брисел, 16 мај 2022 (МИА) - Ја започнав мојата посета на Брисел за да притиснам за шестиот пакет санкции воведени од Европската Унија против Русија, што мора да го вклучи и ембаргото на нафтата, објави денеска на Твитер, украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. „Ќе се фокусирам на дополнително снабдување со оружје и доделување на Украина статус кандидат за ЕУ. Ние веруваме дека Украина заслужува индивидуална проценка заснована на заслуги“, пишува Кулеба. бд/зш/

Остани поврзан