• понеделник, 23 декември 2024

Куба најави 500 отсто поскапување на горивата од 1 февруари

Куба најави 500 отсто поскапување на горивата од 1 февруари

Хавана, 9 јануари 2023 (МИА) - Владата на Куба најави зголемување на цената на горивото за 500 отсто, од 1 февруари, пренесоа светските агенции.

- Цената на обичниот бензин ќе скокне од 25 пезоси на 132 пезоси, што е зголемување за 528 отсто, а цената на Супер бензинот ќе се зголеми од 30 на 156 пезоси, што е зголемување од 520 отсто, изјави министерот за финансии Владимир Регуеиро. 

Владата, која ги субвенционира речиси сите основни стоки и услуги, кон крајот на декември објави серија мерки насочени кон намалување на дефицитот.

Според официјалните проценки, минатата година и кубанската економија забележа пад од 2 отсто, а инфлацијата достигна 30 отсто.

Кубанската влада, исто така, ја зголеми цената на електричната енергија за големите корисници во станбените области за 25 проценти почнувајќи од март. Потврдено е и поскапување на гасот. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан