• недела, 05 мај 2024

Кристиансанд Виперс ја освои женската ракометна Лига на шампиони

Кристиансанд Виперс ја освои женската ракометна Лига на шампиони
Будимпешта, 30 мај 2021 (МИА) – Ракометарките на Кристиансанд Виперс од Норвешка го освоија трофејот во Лигата на шампионите, откако вечерва го совладаа француски Брест со 34:28. За Виперс ова е прва титула европски шампион во нивната клупска историја. Пред финалето, се одигра натпреварот за третото место. Унгарски Ѓер го совлада тимот на ЦСКА Москва со 32:21. Македонската репрезентативка Сара Ристовска постигна три гола за поразената екипа. зс/

Остани поврзан