• среда, 27 ноември 2024

Кривични пријави за пустошење шуми и злоупотреба на службена положба

Кривични пријави за пустошење шуми и злоупотреба на службена положба
Скопје, 26 февруари 2022 (МИА) - Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривични пријави против четири лица за пустошење шуми и злоупотреба на службената положба. - Поднесена е кривична пријава против Д.Т. од Кочани, референт во Шумско стопанство Осогово Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, Б.Д. од Кочани, поранешен директор на Шумско стопанство „Осогово“ Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „фалсификување и уништување деловни книги“, Н.Е. од Кочани, референт во Шумско стопанство „Осогово“ Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и  „фалсификување и уништување деловни книги“ и против правно лице од Кочани и В.Т. од Кочани, управител во правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набава или јавно – приватно партнерство“ и „пустошење шума“, соопшти МВР. Оттаму посочуваат дека вработените во Јавното претпријатие „Национални шуми“ – Подружница Шумско стопанство „Осогово“ Кочани, искористувајќи ги своите овластувања и постапувајќи несовесно во извршувањето на своите работни задачи, со пропуштање должен надзор во извршувањето на шумарски услуги и со фалсификување и уништување на деловни книги, му овозможиле на правното лице да ги злоупотреби доделените договори и да изврши пустошење на млада шума во државна сопственост прогласена за заштитен предел и да се стекне со противправна имотна корист во износ од 3.578.019  денари на штета на Јавното претпријатие „Национални шуми“. мс/ац/

Остани поврзан