• сабота, 28 септември 2024

Кривична пријава против лице од Скопје за загрозување на животната средина и природата со отпад

Кривична пријава против лице од Скопје за загрозување на животната средина и природата со отпад
Скопје, 27 септември 2022 (МИА) - Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С.(43) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад“, информира Министерството за внатрешни работи.
-На 15.02.2022, полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал, инспектори од Државниот пазарен инспекторат и од Државниот инспекторат за животна средина извршиле контрола на импровизирано и нерегистрирано место за откуп и продажба на секундарни суровини во дворно место на улица „Брсјачка буна“ во Шуто Оризари-Скопје, се вели во соопштението. При контролата, како што информира МВР, тие го затекнале пријавениот како неовластено тргува со отпад без регистрирано правно лице и без да поседува Дозвола за вршење на дејност - Складирање и третман на отпад, издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање. ки/са/

Остани поврзан