Кривична пријава за полициски службеник од ГП „Блаце“ во врска со излезот на Груби од земјава
- МВР поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Б.Ј. од граничниот премин „Долно Блаце“ во врска со преминувањето на Артан Груби на државната граница. Тој, според МВР, не извршил адекватни проверки на патничкото возило „мерцедес“ со конзуларни регистарски ознаки со кое се превезувал Груби и не го евидентирал за остварување излез од државата. Патниците од предметното возило, А.П. со дипломатска патна исправа како возач и А.Г. со македонска патна исправа како совозач, полицискиот службеник Б.Ј. ги завел дека пешки ја поминале границата. Исто така, при граничната проверка не почекал системот да утврди дали за лицата има активна мерка, туку веднаш им ги дал патните исправи, по што тие го напуштиле граничниот премин.
Веста е достапна само за претплатниците на веб-сервисот на МИА.
Логирајте се или контактирајте го секторот за маркетинг за повеќе информации.