• сабота, 23 ноември 2024

Кривична пријава за лице од Отишани за бесправно градење во Манастирец

Кривична пријава за лице од Отишани за бесправно градење во Манастирец
Скопје, 15 август 2022 (МИА) - Поденесена е кривична пријава за 71-годишниот Б.Л. од дебарското село Отишани кој во месноста Манастирец, општина Центар Жупа, на парцела од 74,45 метра квадратни изградил викенд куќа без соодветно одобрение, информираат од Министерството за внатрешни работи. - ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.Л.(71) од дебарското село Отишани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“. Тој во месноста „Манастирец“, општина Центар Жупа, на парцела од 74,45 метри квадратни, без соодветно одобрение издадено од надлежен орган изградил викенд куќа, со што се стекнал со противправна имотна корист, се вели во соопштението на МВР. сх/лв/

Остани поврзан