• сабота, 23 ноември 2024

Кривична пријава за измамник од Скопје

Кривична пријава за измамник од Скопје
Скопје, 28 јуни 2022 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против 33-годишен скопјанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. - Во текот на февруари 2022 година, пријавениот А.В. (33), користејќи група на социјалната мрежа Фејсбук, измамил 60-годишна жена од Скопје дека е адвокат, при што за наводна правна услуга против нејзиниот поранешен работодавач, во три наврати ја навел да му исплати 28.500 денари, соопшти МВР. мс/сп/

Остани поврзан