Кривична пријава за жител на Могорче за злоупотреба на лични податоци
- Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична против жител на село Могорче поради „злоупотреба на лични податоци“.
Дебар, 9 декември 2024 (МИА) - Дебарското одделение за внатрешни работи поднесе кривична против жител на село Могорче поради „злоупотреба на лични податоци“.
- Кривична пријава е поднесена против Ќ.М.(22) од дебарското село Могорче, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи - Охрид.
Како што соопшти, Ќ.М. на 11 март годинава влегол во канцеларијата на експозитура за брзи кредити и доставил возачка дозвола од друго лице со која сакал неовластено да подигне пари. вт/хс/
Фото: МИА