• недела, 06 октомври 2024

Кривична пријава за две лица од Кочани кои организирале прослави пред куќа

Кривична пријава за две лица од Кочани кои организирале прослави пред куќа
Скопје, 11 декември 2020 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против две лица од Кочани, кои на јавен простор пред куќата организирале прослава. Пријавата е поднесена поради постоење основано сомнение за сторени две кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. Од МВР информираат дека се работи за Д.П. (22) и Г.П. (44) од Кочани, кои на 25/26 декември на улицата „Стамен Манов“, најпрво на терасата во својот дом, а потоа и на јавен простор пред куќата организирале прослава, каде биле присутни поголем број лица.бт/лв/
vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан