• вторник, 14 април 2026

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје

Кремљ одбива да го продолжи велигденското примирје

Москва, 12 април 2026 (МИА) -    Русија нема да го продолжи велигденското примирје, што истекува вечерва на полноќ, доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски не ги прифати условите на Москва, објави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Одржливиот мир може да дојде кога ќе ги обезбедиме нашите интереси и ќе ги постигнеме целите што ги поставивме на почетокот. Тоа буквално може да се направи денеска, но Зеленски мора да ги прифати добро познатите услови“, рече Песков.

„Додека Зеленски не собере храброст да ја преземе одговорноста, специјалната воена операција ќе продолжи по завршувањето на примирјето“, нагласи Песков, кој додаде дека „територијалните разлики“ меѓу Русија и Украина изнесуваат неколку километри. зш/

Остани поврзан