• понеделник, 23 декември 2024

Кошаркарите на Торонто не сакаат да играат во Луисвил

Кошаркарите на Торонто не сакаат да играат во Луисвил
Торонто, 23 октомври 2020 (МИА) – Минатогодишниот шампион во Торонто размислува да ги организира своите домашни натпревари 2020/21 во Луисвил, Кентаки, поради ограничувања на патувања од Канда во САД поради коронавирусот. Но, оваа опција од играчите не беше дочекана со одобрување, објави „Sportsnet“. Кошаркарите изразија неподготвеност да играат во најголемиот град на Кентаки поради смртта на Бреона Тејлор. Играчите и персоналот на канадскиот НБА-лигаш Торонто искажаа поддршка на борбата против расната неправда уште од рестартот на сезоната, вклучувајќи го и трагичниот инцидент со Афроамериканката Тејлор. Дваесет и шестгодишната медицинска сестра Тејлор (26) беше застрелана повеќе пати кога полицајци упаднаа во нејзиниот дом во Луисвил, Кентаки, во март. зс/

Остани поврзан