• среда, 17 јули 2024

Кошаркарите на Ангели од Кисела Вода ја победија екипата на Струмица во дербито на Втората лига

Кошаркарите на Ангели од Кисела Вода ја победија екипата на Струмица во дербито на Втората лига
Скопје, 16 ноември 2020 (МИА) - Сениорската екипа на Ангели од Кисела Вода, изминатиов викенд на гостински терен, во рамки на Втората лига, со резултат 67:46 триумфираше над екипата на Струмица. -Нашата екипа во текот на целиот натпревар беше во водство. Победата над екипата од Струмица за нас е од големо значење, затоа што игравме со тим, кој исто како нас има амбиции да се натпреварува во првата кошаркарска лига. Со оваа победа се задржавме на првото место на табелата, изјави Благоја Кечовски, тренер на КК Ангели. Следниот викенд кошаркарите на Ангели, на домашен терен, во спортската сала „Независна Македонија“, силите на теренот ќе ги одмерат со екипата на КК Феникс. зс/

Остани поврзан