• вторник, 05 ноември 2024

Кочо Анѓушев во официјална посета на Малта со цел поврзување на стопанствата на двете земји

Кочо Анѓушев во официјална посета на Малта со цел поврзување на стопанствата на двете земји

Почесниот конзул на Малта во Скопје, проф. д-р Кочо Анѓушев, престојуваше во официјална посета на Малта, чија цел беше да се воспостават контакти за поврзување на македонските и малтешките фирми и да се отвори нов пазар за македонското стопанство. Анѓушев беше примен од министерот за надворешни работи на Малта, Јан Борг, кој се заблагодари за конзуларниот ангажман што г-н Анѓушев го извршува во име на Малта во Северна Македонија. На средбата беше разговарано за актуелната политичка состојба во двете земји, како и за влијанието на глобалната геополитика врз економските состојби во Европа. Министерот Борг ја поздрави заложбата на почесниот конзул Анѓушев да се засили економската соработка и да се воспостави мост меѓу стопанствата, којшто ќе биде во интерес на двете страни. Анѓушев во главниот град Валета се сретна со повеќе стопански субјекти од различни дејности, кои во иднина би можеле да соработуваат со фирми од Северна Македонија, а имаше разговори и со Агенцијата за странски инвестиции на Малта. Во следниот период, почесниот конзулат во Скопје, во соработка со Стопанската комора, ќе организира делегација од македонски стопанственици да ја посети Малта, а следен чекор потоа ќе биде посета на фирми од Малта на нашата земја.

 

 

____________________________________________

 

 

MИА - ОТС Комерцијални соопштенија

 

 

Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан