• вторник, 05 ноември 2024

Костовски: Доколку се потврди несоодветно однесување на воспитувачки во градинките во Бутел, ќе бидат санкционирани

Костовски: Доколку се потврди несоодветно однесување на воспитувачки во градинките во Бутел, ќе бидат санкционирани

Скопје, 15 ноември 2023

Почитувани, 

Во изминатиов месец до мене како градоначалник пристигаат информации дека во некои од клоновите на градинката 11 Октомври во Општина Бутел, од страна  на некои воспитувачки и негователки се врши одредено несоодветно однесување према згрижените дечиња. Дури и сомнение за одредено насилство. 

Јас лично како градоначалник пред две недели, по добиени информации охрабрив родители да покренат постапка со која што градинката спроведе дисциплинска постапка поврзана со сличен настан, за да пред неколку дена го направам истото за друг сличен настан и друга случка. 

Во оваа прилика сакам да ги охрабрам сите родители, доколку имаат вакви или слични проблеми, веднаш да пријават до матичната градинка или пак до Општина Бутел поточно одделението за јавни дејности. Секако ако има посериозни показатели да пријават и до јавното обвинителство Скопје. Веднаш !

Не би сакал да верувам дека имало било какво насилство врз дечињата во предшколска возраст, уште помалку би сакал да верувам дека некои од раководните кадри на градинките знаеле за ваков или сличен настан а не пријавиле веднаш. Доколку има нешто реално од горенаведеново ви ветувам дека јас лично ќе отидам до самиот крај на постапките предвидени согласно прописите и кривичниот закон.

На овој телефонски број 075274421 можете да пријавите било каков сомнеж за несоодветно постапување од вработените во градинките при Општина Бутел. Во период од 09:00ч  до 16:00ч, секој работен ден од понеделник до петок.

Во следниот период од страна на мојот кабинет ќе бидат контактирсни буквално сите родители да го искажат својот став поврзан со услугите од градинките.

 

Линк од Фејсбук статус на Дарко Костовски, градоначалник на општина Бутел:

https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel/posts/pfbid0wb39cwEANZ3GdUvQFSLvv4Tk3DsUJdEthCsDUWuQY3XJg2wnNQm38qcD1e12gq9Gl

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан