• понеделник, 23 декември 2024

Костадин Костадинов „Преродба“: Ќе поддржиме влада на Бугарија што ќе ги отстрани рестриктивните мерки

Костадин Костадинов „Преродба“: Ќе  поддржиме влада на Бугарија што ќе ги отстрани рестриктивните мерки
Софија, 15 ноември 2021 (МИА) - Лидерот на популистичката и антиевропска бугарска партија „Преодба“ Костадин Костадинов за БТВ коментира дека оваа недела треба да почнат акциите за нормализирање на животот во Бугарија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, повикувајќи се на Костадинов, едвај се чекаше следниот бран грип, кој беше маскиран како т.н. пандемски. Претседателот на партијата „Преродба“, Костадин Костадинов рече дека ќе побара од понеделник да се укинат сите рестриктивни мерки, да се укине зелениот сертификат за вакцинација против Ковид и да се запре малтретирањето на бугарските деца на училиште. Според него, акциите за нормализирање на животот во Бугарија треба да почнат оваа недела, рече Костадинов. Тој беше дециден дека Преродба не може да поддржи влада која нема да ги отстрани сите мерки. Костадинов коментира дека резултатите на неговата партија не се добри и прогнозира дека за 1-2 години таа ќе биде првата политичка сила во Бугарија. Партијата на Костадинов влезе во 47. Народно собрание на Бугарија со 4,6%. Нејзиното појавување во парламентот е најголемото изненадување што го остави настрана победата на коалицијата „Продолжуваме со промената“ составена од двајца поранешни привремени министри Кирил Петков и Асен Василев. Аналитичарите во Софија коментираат дека партијата на Костадин Костадинов победила врз основа на нејзините антиваксерски и антиевропски позиции. За време на протестите во Варна против владата на Бојко Борисов пред една година беше запалено знамето на ЕУ. нк/

Остани поврзан