• недела, 22 декември 2024

Копенхаген го чека Манчестер Јунајтед во четвртфиналето на ЛЕ

Копенхаген го чека Манчестер Јунајтед во четвртфиналето на ЛЕ
Копенхаген, 5 август 2020 (МИА) - Екипата на Копенхаген го совлада Истанбул Басакшехир со 3:0 на „Паркен“ во натпревар од 1/8-финалето на Лигата на Европа. Данците го надминаа дефицитот од 0:1 од првиот меч и со тоа станаа прв четвртинафиналист на турнирот. Нивниот следен противник најверојатно ќе биде Манчестер Јунајтед, кој ќе има протоколарен реванш против ЛАСК по победата од 5-0 во Австрија. Домаќините брзо го избришаа заостанувањето од мечот во Истанбул со гол на Јонас Винд во 4-тата минута, кога напаѓачот пресретна центрирање на Расмус Јенсен. Во 53. минута, тие добија право да изведат пенал, што го реализира Винд. Конечните 3-0 ги оформира Јенсен, кој во 62. минута направи успешен дриблинг и ја испрати топката во долниот десен агол на мрежата, чувана од Мерт Ѓунок. Шахтјор (Доњецк) оствари јасна победа со 3:0 во реваншот против Волфсбург во вториот дуел од 19 часот и се квалификуваше без никакви проблеми за следната фаза на турнирот. Украинскиот гигант го доби првиот меч со 2:1 и со вкупен резултат 5:1 продолжува во четвртфиналето. „Портокаловите“ решија сè со три брзи гола на крајот на натпреварот. Два од нив ги постигна Жуниор Мораеш во 89-тата и 93-тата минута, а покрај него, Соломон ја затресе мрежата во 91-та минута.

Тагови

Остани поврзан