Концерт на КУД „Бисер“ од Кичево пред прилепската публика
- Културно-уметничкото друштво „Бисер“ од Кичево гостуваше во Прилеп со целовечерен концерт. Членовите на Друштвото во најдобро светло се претставија пред прилепската публика и покрај подолгата
Кичево, 24 септември 2021 (МИА) - Културно-уметничкото друштво „Бисер“ од Кичево гостуваше во Прилеп со целовечерен концерт. Членовите на Друштвото во најдобро светло се претставија пред прилепската публика и покрај подолгата пауза без активно работење поради Ковид-19.
- На платото на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва одржавме целовечерен концерт со кој се претставивме пред прилепската публика. Нашите играорци се претставија со сплетови ора и игри „Лазаренка“, „Ѓурѓовден“, „Посеље“, „Истерување на чумата“ и „Копачија“, истакна Цане Ѓорѓијоски, кореограф на КУД „Бисер“.
Покрај играорната група, се претстави и оркестарот на Друштвото, а за вокалната изведба се погрижија солистот Ѓоко Секулоски и пејачкото трио Миноски, Секулоски и Делески.
- Концертот се одржа со примена на мерките за заштита од Ковид-19. Беа присутни 150 гледачи, кои сметаме дека беа задоволни од изведбата на нашето Културно-уметничко друштво, рече Ѓорѓијоски.
Додаде дека наредната сабота, 2 октомври, на сцената со ротирачка купола на Китино Кале КУД „Бисер“ ќе го одржи традиционалниот годишен концерт. за/хс/