• понеделник, 23 декември 2024

Концерт во чест на Тоше Проески на „Десет дена Крушевска Република“

Концерт во чест на Тоше Проески на „Десет дена Крушевска Република“

Крушево, 4 август 2021 (МИА) - Третиот ден од манифестацијата Научно-културни средби „Десет дена Крушевска Република“ помина во знакот на ликовната уметност, со презентацијата на модни креации и музички концерт во чест на Тоше Проески.

Пред споменикот „Македониум“ на Гумење во Крушево се одржаа ликовна изложба и презентација на модни креации, подготвени од студенти од Технолошко-техничкиот факултет, од Катедрата за архитектура и дизајн при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Модните креации беа претставени од учесници од факултетот и од млади од Крушево.

Потоа на т.н. летна сцена во рамки на Музејот на НОБ се одржа концерт насловен како „Музички спектакл“ од Влатко Груевски - тенор, и Андреј Наунов на пијано. Концертот, како и секоја година, е посветен на музичката ѕвезда Тоше Проески.

Во рамки на четвртиот ден од манифестацијата, денеска е програмата на влашката заедница. Програмата, проследена од влашки песни, е вечер, од 20 часот, на летната сцена пред Музејот на НОБ во Крушево на Гумење. ем/мд/

Остани поврзан