Конференција „Промовирање на конструктивен капитал во Северна Македонија“
- Во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Центарот за меѓународно приватно претпријатие (ЦИПЕ), денеска ќе се одржи конференцијата „Пром
Скопје, 6 октмоври 2022 (МИА) - Во организација на Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Центарот за меѓународно приватно претпријатие (ЦИПЕ), денеска ќе се одржи конференцијата „Промовирање на конструктивен капитал во Северна Македонија“.
Конференцијата претставува завршен настан на проектот „Адресирање на корозивниот капитал во Северна Македонија“ поддржан од Центарот за меѓународно приватно претпријатие (CIPE) имплементиран од Институтот за демократија.
На настанот ќе бидат презентирани следните трудови: „Механизам за проверка на директните странски инвестиции во Северна Македонија - зошто и како?“ од Драган Тилев, Зоран Јовановски и Виктор Мизо, „Импликации од ЕУ механизмот за прилагодување јаглеродните граници врз Северна Македонија“ од Златко Ветеровски и Силвана Мојсовска, „Интегрирање на компаниите од Западен Балкан во европските синџири на снабдување“ од Јоханес Хајдекер и „Демократија што испорачува: Промовирање на конструктивен капитал во Бугарија и Северна Македонија“ од Центарот за демократски студии.
Како што најавија организаторите на настанот ќе се обратат заменик-претседателот задолжен за економски прашања, координација на економските сектори и инвестиции Фатмир Битиќи, Ивана Најдоска, програмски директор во Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје, Џон Кеј, програмски офицер за Европа и Евроазија во Центарот за меѓународно приватно претпријатие (CIPE) и Јарек Бус, економски директор во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија.см/мд/