• понеделник, 23 декември 2024

Конференција за реформите за подобрување на образовниот систем во хотел „Лимак“

Конференција за реформите за подобрување на образовниот систем во хотел „Лимак“

Скопје, 18 септември 2024 (МИА) - Конференција на тема „Обезбедување на одржливост на реформите за подобрување на образовниот систем“, ќе се одржи денеска во хотелот „Лимак“ во Скопје, со почеток во 8:30 часот.

На конференцијата предвидено е поздравно обраќање на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Покрај, министерката, поздравно обраќање ќе има и Александру Албу од  Делегацијата на Европска Унија во нашата држава. 

Модератор на конференцијата ќе биде Валентин Нешовски, експерт за комуникации во проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“. ир/нд/

 

Фото: Шотскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан