• петок, 22 ноември 2024

Конкурс за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“

Конкурс за „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“
Скопје 8 март 2022 (МИА) - Отворен е конкурсот за истражувачки стории од земјите на Западен Балкан и Турција за годишната „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ во областите на слобода на изразување, владеење на право, транспарентност, злоупотреба на моќта и основни човекови права, корупција и организиран криминал. Првата награда на конкурсот на кој може да се пријават сите новинари кои објавиле истражувачки стории во периодот од 1 јануари до 31 декември 2021 година ќе изнесува 5.000 евра, втората 3.000, а третата награда 2.000 евра. Последниот рок за пријавување е 10 април 2022 година. На конкурсот може да се пријават сите новинари кои објавиле истражувачки стории поврзани со следните теми: слобода на изразување, владеење на право, транспарентност, злоупотреба на моќта и основни човекови права, корупција и организиран криминал. Можат да се пријават дела од поединци или групи новинари од сите новинарски форми објавени или емитувани во медиумите во Република Северна Македонија на македонски, албански, на некој од јазиците на заедниците или на некој од светските јазици. Наградата е продолжение на регионалната „Награда од Европската Унија за истражувачко новинарство“ во земјите од Западен Балкан и во Турција е дел од проектот „Зајакнување на квалитетните вести и независното новинарство во земјите од Западен Балкан и во Турција“ администриран од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БиХ) во партнерство со седум медиумски организации. Конкурсот ќе биде под координација на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници како член на конзорциумот, додека организациите вклучени во проектот имаат екстензивна експертиза во областа слобода на медиуми и локално и на меѓународно ниво се препознаени како силни независни медиумски организации. Жири комисијата за наградата е составена од експерти за медиуми, некои од нив и од проектниот конзорциум, како и од други членови како што се уредници, универзитетски професори и искусни и наградувани новинари.сх/са/

Остани поврзан