• петок, 22 ноември 2024

Комисијата за транспорт и врски расправа за измени на Законот за градење

Комисијата за транспорт и врски расправа за измени на Законот за градење
Скопје, 20 септември 2022 (МИА) - Во собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија денеска  почна амандманската расправа по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење, што на предлог на Владата се носи по скратена постапка. Со измените се предвидени поедноставени процедури за поставување фотонапонски централи. Во досегашниот дел од расправата е прифатен еден амандман, а еден е повлечен. Во тек на расправата за третиот предложен амандман беше објавена кратка пауза. На седницата присуствува и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Измените и дополнувањата се за ублажување на последиците од енергетската криза, со кои граѓаните и деловната заедница ќе може да постават најбрзо и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја. Предложените измени предвидуваат, фотонапонските електроцентрали да може да бидат поставени на објекти во индивидуална сопственост до 6 киловати и од страна на сите субјекти потрошувачи – производители до 40 киловати. Новиот Закон предвидува поедноставување на процедурите и клучно е што на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи. мс/лв/  

Остани поврзан