• вторник, 24 декември 2024

Комбе за превоз на ученици подарено на општина Кичево од Агенцијата за управување со одземен имот

Комбе за превоз на ученици подарено на општина Кичево од Агенцијата за управување со одземен имот

Кичево , 22 јануари 2022 (МИА) - Општина Кичево од Агенцијата за управување со одземен имот на Северна Македонија на подарок доби половно комбе, кое располага со 12 седишта плус седиште за возач и како што најавија од општина Кичево, истото ќе биде наменето за превоз на ученици  кои патуваат од селата во градот или живеат во подалечните градски населби.

-Агенцијата за управување со одземен имот,на општина Кичево и подари половно комбе кое во иднина ќе служи за превоз на ученици во текот на учебната година, што живеат во поодалечени населби или доаѓаат од рурални средини.Комбето располага со 12 седишта за превоз на патници и едно седиште за возачот, истакна потпаролот Емин Насуфи и најави што треба да се направат мали санации за тоа да биде ставено во употреба

-Деновиве треба да извршиме мали санации на каросеријата и гумите, а ќе добие и кичевски регистерски ознаки, по што ќе им се стави на располагање на учениците од нашата општина. Поради малиот број на седишта, истото ќе може  да служи за превоз  до места од каде што доаѓаат помал број на ученици, без притоа да користиме автобус или минибус во кого повеќето седишта ќе бидат празни, додава Насуфи.

Тој истакна дека претходно на општина Кичево печалбар од Швајцарија и подари комбе за превоз на пожарникари со слична големина  и капацитет. за/ац/

Остани поврзан