• недела, 22 декември 2024

Колев: Бугарите во Северна Македонија можат да бидат корисни во дијалогот меѓу Скопје и Софија

Колев: Бугарите во Северна Македонија можат да бидат корисни во дијалогот меѓу Скопје и Софија
Софија, 26 јули 2021 (МИА) - Бугарите, кои живеат во Република Северна Македонија, би можеле да бидат корисни во дијалогот меѓу Софија и Скопје, изјави за БНТ Петар Колев, лидер на Граѓанско демократската унија, јави дописникот на МИА од Софија. Колев додаде дека со нивните конструктивни предлози може да дадат придонес кон решавање на спорот. -Еден јасен сигнал би бил ако Република Северна Македонија почне рамноправно да ги третира граѓаните на нејзина територија, која се самоопределуваат како Бугари. Во Уставот на Република Северна Македонија, додава тој, се набројани народите, кои живеат во земјата, но Бугарите не се присутни во највисокиот правен акт. -Со оглед на тоа што Бугарите не се дел од него, не може да има судија Бугарин или обвинител Бугарин,  ниту некој кој ќе биде ангажиран во армијата, како професионален војник. Тоа е едно од основните нарушувања на човековите права во насока на правото на работа и кариера, изјави Колев. Тој се повика на изјавата на премиерот на Северна Македонија Зоран Заев дека човековите права на сите граѓани во земјата се почитуваат. Според Колев бугарскиот претседател Румен Радев е првиот бугарски државник, кој оценил дека искрено треба да биде слушнато мислењето за односите  Софија-Скопје и од Бугарите, кои живеат во земјава. Тој додаде дека Бугарите во Северна Македонија очекуваат промена на Уставот во земјата, како и на законите, но и демократски попис на населението, во кој ниту еден граѓанин нема да биде подложен на репресии, ако се самоопредели како Бугарин. нк/ац/

Остани поврзан