• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски: Северна Македонија се гради и поврзува и се обновуваат старите патишта

Ковачевски: Северна Македонија се гради и поврзува и се обновуваат старите патишта
Маврово, 27 мај 2022 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше ќе добие ново поврзување со изградба на регионален пат кој ги поврзува Извор и Гарски Мост, а во меѓувреме се работи на рехабилитација на регионалниот пат Маврови Анови - Жировница, долг речиси 20 километри, изјави премиерот Ковачевски по увидот на работите во овој регион. Овој патен правец ги поврзува населените места од Општина Маврово Ростуше: Ново Село, Бунец, Маврови Анови, Жировница, Ростуше, Бошков Мост, Дебар, Блато се до границата со Албанија, со вкупна должина од над 60 километри. - Изминативе години во овој регион работевме на изградба на квалитетна патна мрежа и завршивме неколку значајни инфраструктурни проекти, како што е рехабилитација на патот од Гостивар до Стража и Кичево и патните правци кон и околу Маврово. Изградбата на патиштата е приоритет. Развиена инфраструктура, значи развој на економијата во земјава, затоа и во услови на најголема криза ние инвестираме во инфраструктурни проекти, рече Ковачевски. Тој напомена дека за оваа Влада од голема важност е довршувањето на патните Коридори 8 и 10 и носењето на одлуката за влез на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски истакна дека во тек е градежна офанзива и се продолжува со силна динамика насекаде низ државата. - Важно е капиталните инвестиции да продолжат да се реализираат, бидејќи градежништвото претставува мотор на економијата, а тоа е повеќе од значајно во овие времиња на светска економска криза чии последици ги чувствуваме и во нашата држава, потенцира Бочварски, додека во примарен фокус на оваа Влада е да обезбеди подобри услови во патна инфраструктура, а исто така и во делот на комуналната. На увидот во работите на делницата кај Мавровска брана зборуваше и првиот човек на ЈП „Државни патишта“, Ејуп Рустеми, кој истакна дека освен нова коловозна конструкција, санација на осумте мостови, изведба на нови потпорни ѕидови, се работи и на заштита од одрони на повеќе точки. Тој најави дека се отпочнати активностите за изградба на регионалниот пат Извор - Гарски Мост и дека за тоа се обезбедени 20,2 милиони евра. - Во оваа прилика сакам да напоменам од важноста за уште еден проект кој ќе обезбеди подобра комуникација и се однесува на локалниот пат Ниќифорово - Леуново. За него штотуку е завршена проектната документација, а наскоро се очекува да се почне и со реализација, рече директорот Рустеми. згм/сп/

Остани поврзан