• понеделник, 23 декември 2024

Ковачевски на увид на градежни работи на тунелот Кичево - Охрид

Ковачевски на увид на градежни работи на тунелот Кичево - Охрид
Скопје, 18 ноември 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе направи увид на градежните работи на тунелот Кичево - Охрид на автопатската делница во изградба во должина од 57 километри. Покрај премиерот Ковачевски присутни ќе бидат и првиот вицепремиер Артан Груби, вицепремиерот  за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми. Изградбата на автопатот Кичево - Охрид почна пред осум години, а според последните најави ќе биде изграден до крајот на 2023 или почетокот на 2024 година. Инвестицијата изнесува 598 милиони евра, а според последните официјални информации вкупниот прогрес на градежните работи изнесува над 72  проценти.лв/са/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан