• недела, 22 декември 2024

Ковачевски: Бележиме раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на европските вредности

Ковачевски: Бележиме раст на индексот на слобода на медиуми, чекориме по патот на европските вредности

Скопје, 3 мај 2024 (МИА) - Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски упати честитка до медиумите и медиумските работници по повод Светскиот ден на слободата на медиумите и го поздрави растот кој го бележи земјата согласно извештајот на „Репортери без граници” каде е прворангирана од државите во регионот. 

- Денешниот Светски ден на слободата на медиумите го одбележуваме како земја која повторно постигнува раст во медиумската слобода. Ние денес сме на 36-то место и сме најдобро позиционирани во регионот, а и пошироко, согласно извештајот на “Репортери без граници”. Ова е директна потврда дека со СДСМ, Македонија чекори по вистинскиот пат, дека ние сме земја во која се почитуваат демократските и европските вредности, посочува Ковачевски во својот пост на социјалните мрежи.

Ковачевски воедно се заблагодари до новинарите и медиумските работници за нивната посветена работа, посочувајќи дека стекнатиот статус е партнерска и заедничка заложба на СДСМ, граѓаните, медиумите и медиумските организации.

- Пред само седум години бевме сведоци дека загорзената слобода на медиумите е вратата кон автократско владеење. Тоа време не смееме да дозволиме да се врати, вели тој.

Ковачевски истакна дека СДСМ е, секогаш била, е и ќе биде страната на медиумите, на страната на демократијата и го насочува вниманието на важноста на продолжување на процесот на евроинтеграции со цел обезбедување подобар квалитет, професионалност и заштита за медиумите и новинарите.

- Единствено со продолжувањето по европскиот пат, ќе се продолжи и подобрувањето на квалитетот, заштитата и професионалноста на медиумите и ќе се продлабочи нашата заедничка борба против дезинформациите, порачува Ковачевски во честитката по повод Светскиот ден на слободата на медиумите. фф/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан