• петок, 22 ноември 2024

Ковачевски за Слободен печат:  Со антикризните мерки го заштитивме стандардот на граѓаните

Ковачевски за Слободен печат:  Со антикризните мерки го заштитивме стандардот на граѓаните

Скопје, 25 декември 2023

Владата покажа дека знае да се справува со предизвиците и преку донесените пакети антикризни мерки го заштитивме стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите, порача претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, во денешното интервју за Слободен печат. 

Премиерот Ковачевски во интервјуто посочи дека само во последните три години се реализирани 2,6 милијарди евра трансфери кон граѓаните.

„Ние сме држава која низ текот на историјата доживеала доста кризни периоди, но како последните три, четири години што имавме последователни кризи, прво здравствената, потоа енергетската, економската, ретко кога имало вакви кризи. Никогаш немало после втората Светска војна. Но, како Влада, покажавме дека знаеме да се носиме со овие предизвици и во услови на таква криза прво обезбедивме антикризни мерки кои се насочени кон најранливите. Девет пакети на антикризни мерки. Овие антикризни мерки како никогаш досега во било која држава се насочени навистина кон оние на кои најмногу имаат потреба. Само во последните три години имавме 2,6 милијарди евра трансфери кон граѓаните и кон компаниите, а истовремено и покажавме дека можеме да ја сочуваме економијата и притоа да обезбедиме и раст на економијата за идната година“, рече премиерот Ковачевски.
 
Деветтиот пакет антикризни мерки е во вредност од 662 милиони евра и содржи мерки за сите на кои има се најпотребни, односно учениците, студентите, ранливите категории граѓани, пензионерите, земјоделците, компаниите.

При тоа, во интервјуто премиерот Ковачевски, потенцираше дека антикризните имаат видливи резултати во економијата. За следната 2024 година проектираниот раст на економијата е  3,4%, рече премиерот Ковачевски во интервјуто за Слободен печат.

 

Фото: Влада

Сектор за односи со јавноста,
Генерален секретаријат
___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан