• недела, 22 декември 2024

Ковачевски, Заев и Ахмети разговарале за стратегијата за настап на изборите

Ковачевски, Заев и Ахмети разговарале за стратегијата за настап на изборите

Скопје, 18 јануари 2024 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски и актуелен лидер на СДСМ, лидерот на ДУИ Али Ахмети и поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев на денешната заедничка средба во Скопје, како што дознава МИА, разговарале за дефинирање на стратегијата за настап на изборите и за сите опции на европскиот фронт.

Извори за МИА посочуваат дека е разговарано за заеднички пристап кон европската опција од која нема отстапки и дека е дефинирана насоката за конкретна стратегија за очекуваната успешност. Нема прецизни информации и детали за разговорите, но нашите извори велат дека под конструктивен пристап се подразбира и опција за заеднички настап и за консензуален претседателски кадидат на претстојните избори.

На средбата биле отворени сите опции за претстојните претседателски и парламентарни избори.

Средбата, како што претходно брифираа извори од СДСМ за МИА, поминала во конструктивна и позитивна атмосфера. бак/дма/

Фото: МИА 

 

 

Остани поврзан