• петок, 22 ноември 2024

Ковачевски во телефонски разговор со Шолет: Високо ја ценам поддршката на Стејт департментот во овие клучни моменти за земјата

Ковачевски во телефонски разговор со Шолет: Високо ја ценам поддршката на Стејт департментот во овие клучни моменти за земјата
Скопје, 1 јули 2022 (МИА) - Премиерот Димитар Ковачевски вечерва телефонски разговараше со советникот на Стејт департментот, Дерек Шолет во присуство на амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз. Ковачевски изрази огромна благодарност до Стејт департментот и рече дека високо ги цени поддршката и интересот за нашата земја во овие клучни моменти за државата. Тој го информираше советникот Шолет за процесот на широка консултација со сите чинители во општеството кој Владата најодговорно го почна веднаш по добивањето на европскиот предлог. Премиерот во разговорот уште еднаш ги потврди и посочи на јасните определби на Владата кои се темелат на демократските вредности и припадноста кон прогресивниот свет кои за нас, како што рече, немаат алтернатива, бидејќи тоа е единствениот пат кој води кон напредок и просперитет. мч/дма/

Остани поврзан