• понеделник, 23 декември 2024

Коалиција „Менуваме“: Децата со визуелна попреченост уште немаат градинка

Коалиција „Менуваме“: Децата со визуелна попреченост уште немаат градинка
Скопје, 13 август 2021
Денес гледаме „радосни лица“ во Скопје, каде што Јагода Шахпаска и Минстерството за труд и социјална политика отвораат „нови градинки“.
Пред ова во многу други места се изградија осумдесет такви градинки. Само лицата на слепите дечиња во државното училиште за деца со оштетен вид, се уште не сме ги виделе насмеани. Тие тивко молчаливо со години чекаат на заклучената градинка од чуварот на пеколот. Претворена во магацин за отпад во нивното училиште, да се отвори за да имаат конечно пристојно место за игра, забава и споделување радости - нешто што не можат никаде да го сторат.
Немаат градинка, игралиште за нивните омилени игри, ориентациони игри во просторот, развивање на мобилноста, а да не зборуваме за оние слепи деца од 1, 2, 3 години на кои им е нужно потребна таа градинка за правилен развој на нивните психомоторички способности како и побрзо стекнување навики за самостојно движење.
Единственото и специјализирано училиште со современи тифлодидактички помага, со високо стручен кадар кое во овие неколку години со крупни чекори оди напред, се уште нема добиено градинка за која што е направен проект, приложен во Министерството, но за жал нема на повидок ни трунка надеж дека ќе се отвори таа градинка за категорија слепи и слабовидни деца.
Децата со радост доаѓаат на училиште, но овој 1 септември овие деца ќе доживеат разочарување и нема да има насмевка на нивните лица. Повторно ќе се повлечат во себе, онака тивко, нажалено, со испуштање на долга воздишка. Ќе ја наведнат главата и ќе се убедуваат себе си „Ајде можеби ќе има разм за идната година“.
И повторно ќе дојде 1 септември, но тие се силни деца, истрпеле судбината да си игра со нив, навикнати се на се и сешто. Госпожо Шахпаска и останатите, надежта кај овие деца никогаш не умира. Трпеливи се, веруваат во хумани луѓе, ама не во оние како вас, разбирате?
Коалиција „Менуваме“
________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан