• сабота, 23 ноември 2024

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива: Набавката на тротинети е обид да се прикрие луксузот на ДУИ

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива: Набавката на тротинети е обид да се прикрие луксузот на ДУИ
Скопје, 25 јули 2021

Не можете да покривате луксузни автомобили со некои тротинети  за вработените 

Грдоста на ДУИ не може да биде покриена ниту со пудра, ниту со боја или ниту со лаги.

Набавката на неколку тротинети за вработените во Министерството за Надворешни Работи е само обид да се покрие луксузот на функционерите на ДУИ. Во пресрет на локалните избори, Бујар Османи сака да фрли пепел во очите на граѓаните, додека неговите сопартијци, градоначалниците на Дибра, Струга, директори на јавни претпријатија, како и на самата Влада, трошат милиони денари на скапи автомобили.    

Сега кога министерот не успеа во секоја област на одговорност и ја доведе нашата дипломатија и процесот на интеграција во состојба на колапс, време е залудно да направи ПР со тротинети  од 200 евра. Би сакале тој барем да ги купеше по пазарна цена, со оглед на неговото минато полно со коруптивни сомневања кога станува збор за јавните тендери.

Коалиција Алијанса за Албанците и Алтернатива ___________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан