• сабота, 27 јули 2024

Кнежинскиот манастир утре ќе го одбележи својот патрон - Ѓурѓовден

Кнежинскиот манастир утре ќе го одбележи својот патрон - Ѓурѓовден
Кичево, 5 мај 2021 (МИА) - Манастирот „Свети Ѓорѓија“ познат како Кнежински манастир, утре ќе го одбележи својот патрон - Ѓурѓовден. По тој повод во манастирската црква ќе има повеќе свечености, а на самото одбележување традиционално ќе присуствуваат и повеќе верници согласно протоколите за заштита од Ковид-19, потврди старешинката на манастирот сестра Софија.“ - Вечерва со почеток во 18 часот ќе биде отслужена вечерна богослужба од страна на свештеник од кичевското архиерејско намесништво. Утре претпладне најпрво ќе биде отслужена утрена богослужба а потоа и свечена литургија, со која ќе чиноначалствува свештеник од Кичевскиот црковен храм. Согласно протоколите за заштита од Ковид-19 ,на овие црковни свечености ќе присуствуваат помал број на верници од порано, со задолжително носење на заштитна маска и прописно држење на растојание, истакна сестра Софија. Таа појасни дека за да нема помасовно собирање во манастирската трпезарија, на верниците присутни на ова одбележување ќе им биде поделени спакувана храна и овошје. Кнежинскиот манастир традиционално за овој празник го избира и кумот на манастирот, кој ќе му служи на храмот и на верниците во наредните 12 месеци. -За овие 12 месеци сметаме дека се што беше наша обврска во целост ја исполнивме и сме горди што му служевме на бога и на манастирот. Очекувам и наредниот кум да продолжи по истите стапки, рече минатогодишниот кум Станко Китаноски и неговата сопруга Анета. Според најавите од манастирот, како иден кум на овој храм се споменува името на Бобан Јорданоски и неговата мајка Лепа. за/цр

Остани поврзан