• вторник, 24 декември 2024

Клоп не го смета Ливерпул за фаворит за финалето на Лига купот против Челзи

Клоп не го смета Ливерпул за фаворит за финалето на Лига купот против Челзи

Ливерпул, 22 февруари 2024 (МИА) - Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по победата над Лутон (4:1) во 26. коло од Премиер лигата ја отфрли фаворитската улога за финалето на Лига купот со Челзи.

Германскиот фудбалски стручњак се уште не знае кој од повредените играчи ќе има време да закрепне навреме за финалето.

- Дали некој ќе се опорави за финалето? Не, сè уште ништо не знаеме. Ќе треба да гледаме пред натпреварот, но реков претходно, додека имаме 11 здрави играчи, ќе излеземе и ќе играме. Ќе бидеме ли фаворити? Дефинитивно не. Овој тим се подобри многу откако последен пат игравме со Челзи и нашиот натпревар нема да биде лесен, изјави Клоп за „Би-би-си“.

Натпреварот помеѓу Челзи и Ливерпул ќе се одигра во недела на 25 февруари. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан