• понеделник, 23 декември 2024

Кисинџер: Славењето на нападот на Хамас во Германија укажува дека дозволила премногу странци да влезат во земјата

Кисинџер: Славењето на нападот на Хамас во Германија укажува дека дозволила премногу странци да влезат во земјата

Вашингтон, 12 октомври 2023 (МИА) - Поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер смета дека нападот на Хамас врз Израел кој се слави на улиците на Берлин укажува дека Германија дозволила премногу странци да влезат во земјата.

„Беше голема грешка да се пуштат толку многу луѓе од сосема различни култури и религии, бидејќи тоа создава група за притисок во секоја земја“, изјави Кисинџер за Политико.

Тој рече дека „отворениот акт на агресија на Хамас мора да се соочи со некаква казна“, истовремено предупредувајќи на опасност од ескалација на ситуацијата во регионот.

„Конфликтот на Блискиот Исток е во опасност да ескалира и да ги доведе другите арапски земји во конфликт под притисок на нивното јавно мислење“, рече Кисинџер.

Според него, вистинската цел на Хамас и неговите поддржувачи „може да биде само мобилизирање на арапскиот свет против Израел“.

Тој додаде дека постои можност Израел да преземе акција против Иран, доколку се утврди дека Техеран имал улога во нападот на Хамас.

Зборувајќи за ситуацијата во светот, Кисинџер рече дека руската агресија врз Украина и нападот на Хамас против Израел претставуваат „фундаментален напад врз меѓународниот поредок“. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан