• вторник, 24 декември 2024

Кисела Вода и годинава ќе обезбеди бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња

Кисела Вода и годинава ќе обезбеди бесплатни ранци и училиштен прибор за сите првачиња

Скопје, 8 август 2023 (МИА) - Општина Кисела Вода информира дека и оваа година сите првачиња од осумте основни општински училишта ќе добијат анатомско ранче и прибор. Станува збор за околу 650 деца кои првпат ќе седнат во училишните клупи.

- Со овој проект кој лани првпат го започна Кисела Вода, и искрено се радувам што се прошири речиси низ целата територија на Македонија, имаме за цел да им овозможиме финансиско олеснување на сите семејства кои и оваа година за своето прваче треба да издвојат огромна сума на пари и тоа во ек на енормни поскапувања. Првиот училиштен ден за секое прваче значи неизмерна радост и возбуда, но исто така и за нивните родители бидејќи нема поголема гордост од нашите деца. Тој мора така да се запамети, а не по финансиски грижи и токму затоа, сакам да ги известам родителите дека не треба да купуваат чанти и прибор и дека за искористување на оваа мерка нема потреба од исполнување на било какви критериуми, изјави градоначалникот на општината Орце Ѓорѓиевски.

Тој информира дека ранците ќе бидат поделени на првиот училиштен ден. ир/аа/

Фото: Општина Кисела Вода

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан