Кирил Лазаров - НИКОБ е бренд кој го создадоа задоволните клиенти
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија ја посети НИКОБ Групацијата и му беа презентирани услугите кои НИКОБ Обезбедување, НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб ги нуди на пазарот.
Беа презентирани дел од капацитетите на физичкото обезбедување на НИКОБ обезбедување, патролното обезбедување, транспортното обезбедување, капацитетите на НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб, возилата, медицинските тимови.
Посетата беше заокружена со презентирање на Центарот за Кеш услуги и Националниот мониторинг центар, услуги кои се уникатни во Македонија и се на ниво на земјите членки на Европската Унија.
Она што беше иновативно е презентирањето на персоналната камера која ќе биде дел од личната опрема на физичкото, патролното и транспортното обезбедување и интергирање на камери во возилата кои ќе имаат за цел да ги снимаат сите интервенции.
При посетата на премиерот се реализирање и средба со менаџментот на НИКОБ Групацијата на која му беа презентирани идните инвестиции во здравствениот сегмент, но и нов инвестициски циклус во безбедносните системи.
Посетата заврши со пресконференција на претседателот на Владата и сопственикот на НИКОБ Групацијата, Кирил лазаров.
Ова е изјавата на Кирил Лазаров, сопственик на НИКОБ групацијата од денешната посета на премиерот:
Почитувани медиуми,
Почитуван премиере,
Ви благодарам на сите што дојдовте,
Му благодарам на премиерот на денешната посета,
Денеска имавме можност по неколку основи да бидеме домаќини на претседателот на Владата, и тоа заради;
- 25 години од основањето на НИКОБ обезбедување,
- 1 година од основањето на НИКОБ Медикал,
- 1 Година од основањето на Никоб Лаб,
- 5 години од основањето на Центарот за Кеш Услуги
И, секако неколку години по ред сме фирма која е една од најголемите работодавци со домашен капитал во државата. Денес НИКОБ групацијата вработува околу 2600 вработени. Во последните три години инвестиравме околу 15 милиони евра во сите 4 правни субјекти, и тоа значи во опрема, човечки капитал, млади доктори и медицински персонал, стипендии, објекти, системи, возен парк итн. НИКОБ групацијата има годишен обврт на капитал од околу 30 милиони евра. Во овој период инвестиравме во деловните простории и канцларии креирајќи квалитетна, удобна и пријатна работна средина на вработените во администрацијата.
Го информиравме премиерот за идните инвестициски планови во делот на медицината, зајакнување на капацитетите на обезбедувањето со примена на нови технологии и системи како би ја зголемиле продуктивноста на вработените, а на клиентите би им понудиле уште подобра безбедносна и здравствена заштита. Нашите планови се да го зајакнеме приматот на лидери на пазарот во сегментот на обезбедувањето на имот и лица, со тоа што ќе понудиме услуги кои сеуште ги нема во Македонија во делот на приватното обезбедување. Планираме секој вработен од физичкото, патролното и транспортното обезбедување да имаат интегрирана персонална камера на својата униформа, а ќе имплементираме и камери во возилата кои ќе ни даваат јасна позиција и слика кога ќе се интервенира.
Она на кое сум посебно горд е што инвестиравме во примарниот здравствен сегмент кој се покажа како неопходен во најголемата светска пандемија стекнавме доверба на околу 5000 пациенти и поминавме над 35.000 киломитери со НИКОБ Медикал како во државата така и во странство, за само една година. Инвестиравме и задржавме млад здравствен кадар - доктори и медицински персонал, во опрема и модерни возила.
Би сакал да истакнам дека со само една година постоење на НИКОБ Лаб станавме лидери во тестирањата за ковид 19. И, со нашето влегување на пазарот практично ги намаливме цените на приватните тестирања за Ковид 19 за повеќе од 50% и значително го помогнавме државниот здравствен систем со брзите медицински интервенции и нашите капацитети.
Суштината на нашите услуги е дека им помогнавме на граѓаните да имаат избор, да имаат достапност и квалитет и што можеби е најважно прифатливи цени за семејниот буџет.
Почитувани,
Денес она што е НИКОБ, лидер во обезбедувањето на имот и лица и потенцијален лидер и во здравствениот сегмент не е резултат на некаков поклон или концесија, туку е резултат на напорна работа, добар тим, лојални работници, предвилива работна средина, стратешки концепт за понатаму и постојани инвестиции кои го диктира новото време и барањата на клиентите.
Не може нешто да постои и опстои и да се развива цели 25 години ако во тоа не биде вградени принципите на чесност, работливост, инвестиции и иновативен пристап.
За нашата работа ние даваме отчет само на нашите клиенти, нашата вредност е во 22 000 задоволни клиенти, база која постојано расте, таа база не ни ја поклонил никој, сами ја стекнавме со работа и визија.
Не сме случајно и лидери во тестирањето за ковид 19 со НИКОБ Лаб ниту е случајна бројката од 10,000 интервенции со брзата медицинска услуга на НИКОБ Медикал, сето тоа е наша благородна мисија у ние сме тука за граѓаните и заедниците и се водиме по нивните барања и нивниот интерес.
Профитот не е наша главна цел, затоа и ги намаливме цените на ковид тестирањата од 5000 ден на 1600 денари и тоа го препозна секој.
Е, тоа е пример за вистинска конкуренција, но и искрен пристап кон граѓаните.
Не се водевме по брз, нечесен и немилосрден профит во сред најголемата пандемија, туку достапност, брзина, квалитет и цени прифатливи за сите.
Лидери сме во обезбедувањето на имот и лица, во бројот на клиентите или во тестирањата само затоа што клиентите и граѓаните така избраа.
Ќе продолжиме уште поактивно со уште подобри и подостапни услуги.
Ви благодарам
_____________________________________________
MИА - ОТС Комерцијални соопштенија
Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.