• понеделник, 23 декември 2024

Кинеската војска тврди дека извршила проверка на борбената готовност околу Тајван

Кинеската војска тврди дека извршила проверка на борбената готовност околу Тајван
Пекинг, 1 јуни 2022 (МИА) - Кинеската војска денеска соопшти дека извршила проверка на борбената готовност во морето и воздушниот простор, извршена деновиве, околу островот Тајван, што Кина го смета за нејзина територија. Војниците континуирано ги зајакнуваат својата обука и подготвеност за војна, и ќе спречат секакво мешање на надворешни сили или сплетки во потрагата по „независноста на Тајван“, се наведува во соопштение на кинеската војска, јавија странски медиуми. Тајван пред два дена информираше за најголемиот упад на кинеските воздухопловни сили од јануари во своето подрачје на противвоздушна одбрана. Тајванското Министерство за одбрана соопшти дека тајванските борци алармирале 30 авиони за најновиот пораст на тензијата. бд/сд/

Остани поврзан