• понеделник, 23 декември 2024

Кина: Неопходен закон за Хонгконг

Кина: Неопходен закон за Хонгконг
Пекинг, 22 мај 2020 (МИА) - Кинеските власти соопштија дека е „крајно неопходно“ да се усвои закон за националната безбедност за Хонгконг. - Крајно е неопходно да се воспостави кинеско национално законодавство и да се подобрат правниот систем и извршните механизми за специјалниот административен регион Хонгконг, со цел да се заштити националната безбедност, изјави Џанг Јесуи, портпарол на Секинескиот народен конгрес, кој денеска почнува со заседавање. Тој на прес-конференција во Пекинг истакна дека разгледувањето на предлог-одлуката за законот е вклучено во дневниот ред на Конгресот. гт/

Тагови

Остани поврзан